Липковец градел на земјиште на државата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Џ.(49) од с. Липково, кумановско за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Во текот на 2006 година, во близина на Липковското Езеро пријавениот при изградба на угостителски објект неовластено навлегол во катастарска парцела сопственост на Република Македонија. Во текот на 2011 година, пријавениот поднел барање за легализирање на узурпираниот државен простор и диво изградениот објект, а неговото барање било отфрлено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.