Липковец се заканувал со пиштол

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Љ.(49) од Липково, кумановско, за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 14.11.2014 година, околу 18,00 часот пријавениот започнал расправија со лице со кое биле во лоши односи, потоа физички го нападнал и со пиштол „црвена застава“ му се заканил да не го пријавува случајот во полиција.