Липковска и Оризарска река се излеаа

Липковка и Оризарска река се излеале од коритата и поплавиле земјоделски површини насеани со житни култури за околу 100, односно, 70 хекатари. На локалниот пат Страцин –Куманово има мал одрон кој го расчистуваат екипите на ЈП „Македонија Пат“.

Во последното деноноќие во Кумановско наврнаа 27 литри дожд на метар квадратен, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи. Од таму соопштуваат дека зголемено е нивото на реката Кумановка од 49 на 83 сантиметри.