Македонија,Крими хроника

Лирим Јакупи Нацист уапсен веднаш по ослободувањето од затвор

Лирим Јакупи Нацист, кого македонската полиција го бара за голем број сериозни кривични дела, е уапсен во Косово веднаш откако е ослободен од затворот Дубрава.

Јакупи денеска требаше да биде ослободен од затвор, но, како што јавуваат косовските медиуми, не успеал да направи ниту неколку чекори на слобода пред инспекторите на ЕУЛЕКС да му стават лисици на рацете.

Познатиот криминалец од Косово во земјава се бара поради де пресуди на 15 години затвор односно вкупна затворска казна од 30 години за нападо врз полициска патрола во Шуто Оризари,

lirim jakupi nacistно и за криминални активности во селото Бродец поради што беше спроведена полициската акција „Планинска бура“. Двете пресуди му беа изречени во отсуство, бидејќи претходно беше во бегство, а потоа во затворот во Дубарава поради злосторства сторени во Косово.

Македонското Министерство за внатрешни работи е известено за апсењето на Јакупи.