Лисиче денеска без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ инфомрира дека поради дефектот на водоводната мрежа кој настанал синоќа без вода останале дел од жителите на Лисиче.

Дефектот настанал на улицата Ѓорѓи Крапчев меѓу броевите 23 и 25, а без водоснабдување освен корисниците од оваа улица, без вода се и од улицата Тодор Чангов.

Дефектот настанал синоќа во 22:30 часот, а истиот ќе биде саниран во текот на денешниот ден.