Лисната погача со мелено месо

Лисната погача со мелено месо
Лисната погача со мелено месо
Состојки
За тесто 
150 мл. топла вода, 250 мл. млако млеко, 70 мл. масло, 100 мл. јогурт, 1 јајце, 2 лажичиња сол, 1 лажиче шеќер, 1 свеж квасец, 1000 гр. + брашно
За премачкување 100 гр. маргарин (на собна температура),
Фил
 1/2 главица кромид, 650 гр. мелено месо, сол,бибер по вкус, масло по потреба,
За премачкување (не мора)
1 јајце, сусам по потреба

Во топлата вода ставете го квасеот на парчиња, 1 лажиче сол, шеќер. Оставете да стаса. Во поголем сад за месење ставете половина од брашното околу 600 гр. и ставете ги сите течни сосотојки и 1 тоa лажиче сол и јајце. Полека додавајте од брашното и месете додека се измеси мазно еластично меко и нелепливо тесто.
Тестото поделете го на 3 големи топки. Секоја топка разделете ја на 5 дела, треба да се добијат 15 мали топчиња. Ставајте ги на намрсена површина. Земете едно топче и размесете го во вид на круг. Исечете го во големина на една тацна (некаде околу18 см. дијаметар), стaвете ја на намрсена тацнa, премачкајте ја со 1/12 од маргаринот исечен на коцки.
Над неа ставајте ги и останатите исечени кор, последната не ја премачкувајте. За една тацна 4 коцки маргарин. Тацната ставете ја во фрижидер. Подгответе ги и другите кори така.

Откако се направени сите се зема првата тацна, малку се расплескува со раце и се развлекува во вид на круг колку што е голем плехот ( 30 см.) Кората се реди на намрсениот плех. Се става 1/2 од филот. Се ваѓа втората тацна се развлекува кора се става преостанатиот фил, па третата. Се сечи на коцки. Сега се остава да кисне на топло место покриена со крпа околу 1час. Кога е скисанта се уклучува рерната да се загрее на 200 степени.
Се премачкува питата со разматено јајце (треба само 1/2 од разматеното јајце). Се поросува со сусам и се става да се пече во загреаната рерна на 200 степени првите 20 мин., потоа се зголемува на 250 степени и се пече додека порумени. Се ваѓа и се покрива со крпа да се задуши. Пред да се служи уште еднаш се расекува по претходните линии.

За фил
На загреано масло се запржува ситно исецканиот кромид и лук. Се додава меленото месо и зачините, се пржи додека се испржи или најсигурно проверете некаде околу 15 мин. додека течноста испари.