Листа на која не сакате да се најдете: Најлошите љубовници низ историјата

Многу познати историски личности биле лоши љубовници. Вака барем тврди порталот за секс „Нерви“, кој што одлучил да состави листа на најлоши љубоници во историјата. Занимавајќи се со својата работа овие мажи оставиле неизбришлива трага во историјата, но затоа приватно не успевале да ги имперсионираат жените. Оваа листа е резултат на цитати, трач муабети и историски факти.

Жан Пол Сартр

Бил вистинска ѕвезда кон средината на 20-тиотт век, а не бил претеран љубител на моногамијата, па речиси половина од Франција била прилика да ги искуси љубовничките вештини на овој славен писател и филозоф.

Сартр го употребувал својот интелект за освојување на жени, а сам себе се сметал за „академски Дон Жуан“. Наспроти тоа, кружеле гласини дека бил ужасен љубовник и дека помили му биле кроасани од секс.

Вилијам Батлер Јејтс

1204869-yeats-boughton

Ирскиот писател страдал од импотенција. Сепак, кога имал 68 години наводно направил хируршки зафат што му помогнал. Тврдел дека операцијата била целосно успешна па се впуштил во неколку афери за да надокнади за изгубеното време.

Франц Кафка

Иако сексот за една ноќ не му бил ни малку непознат, Кафка наводно го презирал сексот. Сметал дека е валкан, имал проблеми со самодовербата и лошо мислење за своето тело, поради што не дозволувал да биде виден гол, иако често посетувал јавни куќи во кои се одржувал групен секс.

Луј XVI

За кралот Луј XVI се ширеле гласини дека имал некој облик на сексуална дисфункција имајќи предвид дека не успеал да го конзумира бракот со Марија Антоанета дури седум години. Се зборувало сешто, од тоа дека има фимоза и дека импотентен, до тоа дека пенисот едноставно му бил преголем.

Мнозинството историчари веруваат дека само бил сексуално неискусе: решението го имал братот на Марија Антоанета, Јосип II кој на Луј му понудил по некој сексуален совет по што бракот бил конзумиран. Никој не знае што му рекол.

Елвис Присли

Легендарниот Елвис се најде на тапет од актерката Натали Вуд која на пријателот на Елвис, Бајрон Рафаел едноставму му рекла дека Кралот „не знаел да е*е“.

natalie_wood_oct_31_56

До душа, за Елвис кружеле многу приказни: од тоа дека е импотентен, дека уживал исклучиво во воајеризам до тоа дека едноставно обожувал секс.

959318-sigmund-freud-life
Сигмунд Фројд

Таткото на психоанализата зборувал многу за својата мајка. Порталот „Нерви“ пишува, дека тоа и неговата зависност од кокаин како и борбата со зависноста од мастурбација го довеле Фројд на оваа листа. Проблемите со мајка му и к*р на кокаин никогаш не се добар рецепт за здрав сексуален живот, пишува „Нерви“.

Хју Хефнер

Сите знаеме на што Хефнер го изгради својот имиц, но во неколку наврати се појавиле муабети дека тоа чиста фасада. Сегашната сопруга Кристал Херис тврдеше дека единствен пат кога таа и Хефнер имале секс тој успеал да задржи ерекција „онака, тип две секунди“.

953155-hju

Уште една поранешна, Кендра Вилкинсон, вели дека тој бил човек за една минута, а Изабел Џејмс дека само би лежел како „мртва риба“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.