Листата за редовност на пратениците на координативна средба

Извештајот за редовноста на пратениците треба да биде доставен од страна на генералниот секретар на денешната координативна средба во Собранието на Република Македонија.

Се очекува претседателот на Собранието и координаторите на пратеничките групи да го достават овој извештај до Комисијата за мандатно – имунитетни прашања, која во рок од 15 дена треба да донесе заклучок и да предложи тој да биде ставен на дневен ред на собраниска седница.

На 10-ти овој месец истекоа шест месеци од верификацијата на 34-те мандати на пратениците од опозицијата од страна на Собранието. Само три пратенички од 34-те народни избраници се вклучија во работата на Собранието и се спротиставија на ставот на опозицијата за бојкот на Парламентот. СДСМ и помалите опозициски партии се изјаснија дека не се враќаат во Парламентот.

Мандат на пратеник може да се одземе со двотретинско мнозинство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.