Листерија и во погонот на Пекабеско

Бактеријата листерија е пронајдена преку земен брис од дел од полнилка во компанијата Пекабеско, потврдил  директорот на Агенцијата за храна и ветеринарствоза, Дејан Рунтевски, објави порталот „Нова ТВ“.

rezultati od testiranje1(1)rezultati od testiranje(1)

„ Веќе се врши дезинфекција, се чисти и за два-три дена ќе почне да функционира овој дел од машината. Што се однесува до производот земен од кујната во болницата во Гостивар тој е негативен, изјавил Рунтевски.

Тој не бил сигурен дали производите од оваа компанија се повлечени од маркетите.  Кујната во болницата се’ уште се дезинфицира и реновира, по што ќе бидат земени мостри за за уште една анализа и дури по добивање на резулатите објектот ќе биде пуштен во употреба, потенцира, Рунтевски.