Листерија пронајдена во американски јаболка

Филипинското Министерство за трговија издаде наредба да се повлечат од продажба и индустриска преработка 245 тониа јаболка увезени од САД, прнесува МИА.

 Одлуката е донесена од како американското Биро за храна и лекови (ФДА) соопшти дека дел од јаболката произведени во Калифорнија и други области во САД биле загадени со опасната бактерија листерија.

Оваа бактерија предизвикува температура, болки во мускулите, главоболки и конвулзија. Ако на време не се интервенира, болестите предизвикани од бактеријата листерија имаат смртоносни последици.

Според вестите пренесени и на Филипините, од САД во последниве четири недели се извезени најмалку 350.000 пакети со јаболка кои се, најверојатно, заразени со бактеријата листерија