Листинзи од телефонски разговори, нови докази во „Монструм“

Листинзите од телефонските разговори во април 2012 кога се случи убиството, се последните докази кои се изведуваа на денешното судско продолжение за случајот „Монструм“.
Одбраната побара дополнително време за да ги разгледа, по што ќе ги коментира.
Обвинителството очекува експерт за базни станици на следното рочиште и да објасни кои биле локациите на обвинетите кои ги користеле телефоните во времето кога се случил масакрот кај Смилковското езеро.
Одбраната негира дека овие докази ќе дадат одговори.
Судот го анализираше и фејсбук профилот на еден од обвинетите. „Слобода за Палестина“, „Една нација, едно знаме“, „колку е добро да си Албанец“, „Кажи илирида“, се само дел од пораките кои се забележаа.
Се очекува следната недела судијата да ги закаже завршните зборови за одбраната и обвинителството, по што би трбали да се донесе пресудата, бидејќи истекува законскиот рок од две години откако е подигнато обвинението и  доколку нема пресуда судот мора да ги пушти обвинетите од притвор. 
Процесот најверојатно ќе заврши без првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ на чија екстрадиција од Косово се уште се чека.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.