Македонија

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица

Литија по улиците во центарот на Скопје ќе се одржи на 20 септември во пресрет на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.

Претходно во 17 часот ќе биде биде одржана вечерна богослужба во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.

Утредента, на 21 септември, утрената богослужба ќе почне во 7:30 часот, а светата Литургија во 9 часот.

Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.