Литванците најголеми зависници од алкохолот

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Литванците пијат најмногу алкохол на светот, со годишно консумирање на 18,2 литри чист алкохол по глава тие ги надминуваат дури и нациите кои традиционално важат за најголеми уживатели во жестоките пијалаци.

Во барака покрај црква во главниот град Вилнус, група Литванци зборуваат за својата зависност од алкохолот. Модератор е Кеститутис Дварецкас, свештеник и поранешен алкохоличар.

„За тоа главно е виновен литванскиот песимизам. Не е тука животот толку лош, но таков ни е карактерот, тагата ја потопуваме во алкохолот“, вели во репортажата на агенцијата DPA, локален психолог.

Владата која ја оптовари високата општествена цена на алкохолизмот, се обидува на тоа да му стави крај со забраната за рекламирање на алкохолните пијалаци и со високите даноци и намети. Борбата против алкохолизмот е едно од клучните предизборни ветувања коишто селско-зелената коалиција минатата година изненадувачки ја доведе на власт.

Уште во 1998 година владата усвои стратегија со којашто имаше намера да го намали консумирањето на алкохолот во земјата за 25 отсто. Во стварноста, пак, консумирањето до денес се зголемило за 130 проценти. Неодамна беше усвоен и законот со кој прагот за легално консумирање алкохол се подигнува од 18 на 20 години. Но прашање е дали таа мерка може да го даде посакуваниот резултат.

Дворецкас престанал да пие благодарејќи на програмата „во 12 чекори“, слична на онаа којашто ја практикува здружението Анонимни алкохоличари во САД со поддршката на пријателите и семејствата. Сакајќи да пренесе што научил,л во 2009 година го основал здружението „As Esu“ (Јас сум, на литвански), чиешто дејствување претставува комбинација од групни состаноци, молитви и терапии.

Во Литванија во 2015 година 732 лица, главно мажи, починале од опијанување. Уште 76 луѓе ги загубиле животите на улиците прегазени од алкохолизирани возачи. Тоа се застрашувачки податоци за земја којашто има само 2,8 милиони жители.

Оттаму воопшти и не зачудува што за свештеникот Дварецкас постојните закони не се доволно строги. „Зошто сѐ уште во продавниците орам да минам крај рафтовите со алкохол пред да дојдам до млечните производи?“, прашува.

Другите соговорници додаваат дека освен законските рестрикции за ублажување на проблемот со алкохолизмот, потребни се и други форми на помош. Медицинската помош за зависниците од алкохолот во Литванија и натаму е ретка, неопходните лекарства не се на листата на оние коишто ги финансира државата,а во целата земја постојат само пет центри за рехабилитација на зависниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.