Свет

Литванија влезе во еврозоната

Литванија влезе во еврозоната

Литванија од денеска станува 19-та земја членка на еврозоната. Таа ќе им се приклучи на Летонија (2014), Естонија (2011), Словачка (2009), Кипар и Малта (2008), Словенија (2007), Грција (2001) и Белгија, Германија, Ирска, Шпанија, Италија, Луксембург, Холандија, Австрија, Португалија, Франција и Финска (1999).

Во ноември минатата година литвански ентузијасти одлучија да го одбележат збогувањето со националната валута правејќи пирамида од еден милион стари монети, која ја издигнаа за три недели во центарот на главниот град Вилнус. Пирамидата е висока 1,13 метри.

– Пирамидата ќе остане додека ја имаме литата или со други зборови до јануари, изјави тогаш Витаутас Јакстас, млад научник од Вилнус и еден од иницијаторите на проектот.

На новите литвански монети од по едно евро ќе биде изгравиран националниот грб од 14. век.

Оваа балтичка земја со три милионско население стана членка на ЕУ во 2004 година.