Спорт

Ливерпул да плукне 37 милиони евра за Лалана

Ливерпул да плукне 37 милиони евра за Лалана

Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Саутемптон откри дека клупските челници пред неколку дена експресно и без многу размислување ја одбиле првата официјална понуда на Ливерпул, која била наменета за новопечениот репрезентативец на Англија, Адам Лалана.

“Челниците на Ливерпул пред неколку дена испратија официјална понуда за Лалана. Сепак, понудата од 25 мил. евра експресно беше одбиена од раководните лица на Саутемптон со образложение дека двата клуба можат да седнат на преговарачката маса само доколку понудата за одличниот играч за врска не биде помала од 37 милиони евра. Таквото побарување е преголем залак и за раководните лица на Ливерпул, но и за побогатите клубови на Островот”, откри анонимниот извор.