Ливерпул до 2017-та ќе добие реновиран и поголем дом

Anfield Road, домот на “црвените” од Ливерпул кој е еден од најкултните стадиони во Европа и светот, за сезоната 2016/17 ќе добие нов лик и поголем капацитет.

Подолг период се размислуваше на оваа тема, во игра беше и изградба на нов стадион, но сепак клубот и Градското собрание одлучиле да се реновира и уреди веќе постоечкиот стадион.

Со новиот проект, кој е речиси готов, Anfield Road ќе добие помодерен лик и поголем капацитет со вкупно 59.000 седишта.

Сега е познат и датумот на почетокот на градежните работи, 8-ми декември оваа година, а од претходно се најавува дека сé ќе биде завршено и подготвено за почетокот на сезоната 2016/17.

Централен дел од целиот проект е модернизацијата на главната трибина (Main Stand) по што капацитетот би се зголемил на 53.500 места. Покрај тоа тука се и плановите за проширување на „Anfield Road Stand“ со што дополнително би се добиле 4.800 нови места. Проектот за „Main Stand“ ќе чини околу 110 милиони фунти и би требал да биде комплетиран до летото 2016-та година.

Она што е најбитно во целата приказна е тоа што Anfield Road во ниту еден миг од модернизацијата и проширувањето нема да биде затворен, туку клубот и понатаму ќе продолжи да игра на стадионот кој преку еден век е нивен дом.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.