Ливерпул дополнително се засили

Хавиер Манкиљо Гаитан,  десниот бек на Атлетико Мадрид,  ќе биде нов фудбалер на англискиот Ливерпул.

По пишувањата на шпанските и англиските медиуми дека Ливерпул и Атлетико Мадрид веќе постигнаа договор, потврда на информацијата следи и преку пристигнувањето на Манкиљо во Ливерпул каде ги минал медицинските тестови.

Откако вчера во една болница во Ливерпул ги минал медицинските тестови се очекува наредниве денови официјално да биде претставен на „Енфилд“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.