Ливерпул ги потроши парите од Стерлинг – Бентеке пристигна на Енфилд

Конечно дојде крај на сагата околу следниот клуб на Бентеке

Брзоногиот напаѓач потпиша договор со Ливерпул и од следната сезона ќе настапува на „Енфилд Роуд“. Со овој трансфер „црвените“ конечно ги решија проблемите во нападот, бидејќи Даниел Стариџ повеќе време поминува во рехабилитација отколку на теренот, Марио Балотели е тотално надвор од форма, а Рики Ламберт не е квалитет со кој Ливерпул може да се надева на највисок пласман.

Раководството на Ливерпул плати 47 милиони евра за овој потпис
Раководството на Ливерпул плати 47 милиони евра за овој потпис

Раководството на клубот за Бентеке „искешира“ 47 милиони евра, со што го сруши рекордот за најскап трансфер на белгиски фудбалер. Претходниот рекорд го држеше Аксел Витсел, кога за 40 милиони евра од Бенфика премина во Зенит.

Бентеке ќе има прилика да покаже дали е материјал за големи клубови
Бентеке ќе има прилика да покаже дали е материјал за големи клубови

Бентеке во Астон Вила пристигна во 2012-та година за 10 милиони евра од Генк, а има постигнато 49 голови на 101 натпревар за тимот од „Вила Парк“.
Тој има 24 години, а на новиот тим ќе му се приклучи по враќањето на експедицијата од Австралија. Ливерпул пред Бентеке ги ангажираше Натениел Клајн, Роберт Фирмино, Џејмс Милнер и Дани Ингс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.