Ливерпул го преслуша и Тотенхем

Голем број на погодоци, вкупно осум, беа постигнати на последните два натпревара од 32. коло во англиската Премиер лига.

Вториот фаворит за шампионската титула, тимот на Ливерпул не дозволи никакво изненадување на „Енфилд” и многу полесно од очекуваното со 4:0 го торпедираше тимот на Тотенхем.

Помалку трофејниот клуб од Ливерпул, Евертон ја оправда фаворитската улога и сосема заслужено со 3:1 славеше во дуелот против фенерџијата на првенствената табела, тимот на Фулам.