Спорт

Ливерпул и Манчестер Сити играат за шампионскиот пехар

Ливерпул и Манчестер Сити играат за шампионскиот пехар

Минимална, но злато вредна победа на незгодното гостување во Сандерленд, забележа најпријатното изненадување во актуелната сезона од англиската Премиер лига, тимот на Евертон.

Во 75 минута од натпреварот искусниот дефанзивец Вес Браун постигна ефектен автогол, а со освоените три бода, Евертон се искачи на четвртата позиција на табелата која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Иако имаа предност од три гола, фудбалерите на ВБА на крајот освоија само еден бод во дуелот против гостинскиот тим на Тотенхем.

Денеска ќе бидат одиграни последните два натпревари од 34. коло, а центартот на фудбалското внимание ќе биде дуелот помеѓу директните ривали во борбата за шампионската титула, Ливерпул и Манчестер Сити.

Ливерпул има освоено четри бода повеќе од Манчестер Сити, но гостинот од “Итихат” има одиграно два натпревара помалку.

За разлика од домаќинот кој има обврска да забележи триумф, гостинот од Манчестер ќе биде задоволен и ако натпреварот заврши без победник.

Обврска, но да слават на незгодното гостување во Свонси имаат фудбалерите на Челзи кои само со планираните три бода можат да останат во игра за шампионскиот пехар.

Резултати: Кристал Палас – Астон Вила 1:0, Фулам – Норвич 1:0, Саутемптон – Кардиф 0:1, Стоук – Њукасл 1:0, Сандерленд – Евертон 0:1, ВБА – Тотенхем 3:3.