Ливерпул и Свонси одиграа 7+

Најинтересниот неделен натпревар од 27. коло во англиската Премиер лига, дуелот на „Енфилд” помеѓу екипите на Ливерпул и Свонси заврши со минимален но злато вреден триумф на “црвените” од 4:3.

Најзаслужен за освоените три бода е репрезентативецот на Англија, Џордан Хендерсон кој двапати се запиша во листата на стрелци.

Само еден погодок, што заврши во гостинската мрежа, беше постигнат на првенствената пресметка меѓу екипите на Норвич и Тотенхем, а минимална победа од 1:0, со погодок кој беше постигнат во 93 минута и кој беше дело на францускиот интернационалец Лорик Рами, забележа тимот на Њукасл во првенствената пресметка против гостинската екипа на Астон Вила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.