Ливерпул и Тотенхем ремизираа со два гола во продолжение

Во дербито од 26-то коло од англиското фудбалско првенство Ливерпул и Тотенхем ги поделија бодовите одигрувајќи 2:2 со два гола постигнати во судиското продолжение.

Ливерпул двапати имаше водство од 1:0 и 2:1, но Тотенхем извлече бод со голот на Хари Кин од пенал во четвртата минута од судиското продолжение. Кејн седум минути пред тоа не реализираше удар од белата точка при резултат 1:1.

Ливерпул поведе по само две минути игра со голот на Мохамед Салах кому ова му беше 20-ти погодок во 25-от лигашки настап за „редсите“, а досега ниеден нивен играч не успеал побрзо да дојде до 20 голови во Премиер лигата. Египетскиот напаѓач ја искористи грешката на Ерик Диера кој му ја враќаше топката на Уго Љорис, го пресече додавањето и поентираше за 1:0.

Изедначи Виктор Ванјама во 80 минута со фантастичен удар од 25 метри. Во 87 минута Тотенхем можеше да мине во водство, но Кејн не ја искористи најстрогата казна. Еден од виновниците за пеналот беше хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен кој не ја погоди топката, а Кејн го искористи подарокот и тргна непречен кон Лорис Лариус кој го собори. Но германскиот голман ја исправи својата грешка и го одбрани ударот на Кејн кој шутираше по средината на голот.

Казната за нереализираниот пенал стаса во првата минута од продолжение кога одличниот Салах ја измеша гостинската одбрана и поентираше за 2:1. И кога се чинеше дека Ливерпул ќе запише нова победа, судијата Џоната Мос досуди дискутабилен пенал. Судијата виде фаул на Вирџил ван Дијк над Ерик Ламела, а ударот од единаесет метри повторни го изведе Кејн, кој овојпат беше прецизен.

Ова беше стотиот погодок на Кејн во Премеир лигата и само Алан Ширер побрзо им дојдено до оваа бројка во елитното англиско натпреварување. На Ширер за „стотка“ му беа потребни 124 натрпевари, додека Кејн до сто голови стаса за 141 меч.

Во дербито на долниот дел од табелата Кристал Палас и Њукасл Јунајтед одиграа 1:1. Гостите поведоа во 22 минута преку Мохамед Диаме кому ова му беше петти гол и сите на гостување на „свраките“. Изедначи Лика Миливојевиќ од пенал во 55 минута. Кристал Палас е 14-ти со 27 бодови, додека Њукасл е на 16-то место со два бода помалку.

На табелата води Манчестер Сити со 69 бодови, Манчестер Јунајтед е на второто место со 56 бодови, а Ливерпул е четврти со 51 бод. Следат Челзи со 50, Тотенхем со 49 и Арсенал со 45 бодови.

Колото во понеделник ќе го затвори дуелот меѓу Вотфорд и Челзи.