Ливерпул ќе изброи 12 милиони евра за Емре Кан

Извршниот директор на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Михаел Шаде, потврди дека вицешампионот на Англија, тимот на Ливерпул има испратено официјална понуда за 20-годишниот играч за врска, Емре Кан.

„Се до пред некој дена, таквата информација беше чиста шпекулација, но сега можам да потврдам дека Баер доби официјална понуда од Ливерпул за услугите на Емре Кан. Пред неколку часа добивме официјален меил од вицешампионот на Англија. Внимателно ќе ја разгледаме понудата на Ливерпул, но свое мислење ќе даде и самиот фудбалер”, изјави Шаде.

Младиот играч за врска пред една година пристигна на „Бај Арена” од редовите на Баерн (М), но во новиот договор има клаузула дека може да ја промени клупската средина доколку заинтересираниот клуб ја исплати ослободителната клаузула од 12 милиони евра.