Ливерпул ќе потроши 25 милиони фунти за Родриго

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Брендон Роџерс веќе почна со сотавување на списокот со фудбалери кои би требало да се преселат на „Енфилд” за време на летниот преоден рок.

Прв на списокот со потенцијални засилувања е напаѓачот на португалскиот гигант Бенфика,Родриго.

Англиските медиуми се убедени дека раководните лица на Ливерпул, веднаш на стартот летниот преоден рок ќе испратат официјална понуда за 23-годишниот напаѓач и истата нема да биде помала од 25 милиони фунти.

Родриго сезонава има постигнато 10 погодоци, а во листата на стрелци се запиша и на првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на Европа, каде за противник го имаше голманот на Тотенхем, Хуго Лорис.