Ливерпул ќе се засили со Ловрен, Ориџи и Марковиќ

Вицешампионот на Англија, тимот на Ливерпул планира да ангажира три квалитетни засилувања со парите кои ќе заработени од продажбата на контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез.

Англиските медиуми пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека Ливерпул и каталонскиот гигант Барселона најпосле постигнале договор околу трансферот на Суарез кој е продаден за 88 мил. евра.
Прва на листата со фудбалери кои би требало да се преселат на “Енфилд” за време на летниот преоден рок е белгискиот интернационалец од редовите на Лил, Дивок Ориџи кој е проценет на 12 мил. евра.
Околу 20 мил. евра, Ливерпул ќе одвои за услугите на хрватскиот интернационалец од редовите на Саутемптон, Дејан Ловрен, а најнмогу 25 мил. евра, “црвените” ќе одвојат за потписот на српскиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Бенфика, Лазар Марковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.