Ливерпул на мегдан на „Сити“, Јувентус на поправен против „Кралевите“

Во средиштето на УЕФА во Нион пред малку беа извлечени полуфиналните парови од Лигата на Шампионите.

Ждрепката донесе два одлични натпревари., Aктуелниот шампион „Реал“ во Торино ќе се сретне со „Јувентус“ во реприза од ланското финале, а големо внимание ќе привлече островското дерби меѓу „Ливерпул“ и „Манчестер сити“.

Во останатите два натпревари ќе се сренат „Барселона“ и „Рома“, а „Севиља“ ќе го пречека „Баерн“.

Ждрепката беше отворена, така што немаше носители и клубовите од иста држава можеа да се сретнат меѓусебно. Првите натпревари се играат на 3 и 4 април, а реваншите се на 10 и 11 април.