Спорт

Ливерпул на нозе, Мата дебитира на Олд Трафорд

Ливерпул на нозе, Мата дебитира на Олд Трафорд

Денеска ќе се одиграат првите шест натпревари од вонредното 22. коло во англиската Премиер лига. Убедливо најголемо внимание ќе привлече градската пресметка на “Енфилд” помеѓу вечните ривали Ливерпул и Евертон.

Ништо помалку интересен нема да биде дуелот на ‘Олд Трафорд”, помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Кардиф, а истиот е во центарот на фудбалското внимание поради официјално деби на најскапата аквизиција во клупската историја на “црвените ѓаволи”, шпанскиот интернационалец Хуан Мата.
Актуелниот лидер на табелата, тимот на Арсенал има обврска да забележи позитивен резултат на незгодното гостување во Саутемптон.

Денеска на програмата: Манчестер Ј. – Кардиф, Норвич – Њукасл, Саутемптон – Арсенал, Свонси – Фулам, Кристал Палас – Хал, Ливерпул – Евертон.