Ливерпул на плус пет од Челзи

Лидерот на првенствената табела и најголем фаворит за шампионската титула во англиската Премиер лига, тимот на Ливерпул, не дозволи никакво изненадување во неделниот натпревар од 35. коло и сосема заслужно со минимални 3:2 славеше на незгодното гостување во Норвич.

Ливерпул моментално има пет бода повеќе од второпласираниот Челзи и шест бода повеќе од третопласираниот Манчестер Сити кој има одиграно два натпревара помалку од популарните “црвени”.
Далеку поубедлива победа од 3:0, но во дуелот против домашниот тим на Хал Сити, забележаа фудбалерите на Арсенал.

Последниот неделен натпревар од 35. коло, дуелот на “Гудисон Парк” помеѓу екипите на Евертон и Манчестер Јунајтед заврши со сигурен триумф на домаќинот од 2:0.Со освоените три бода, Еевертон остана во игра за четвратата позиција на табелата која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони, а Манчестер Јунајтед се уште е во игра за едно од двете места кои водат во групната фаза од Лигата на Европа.

Денеска ќе биде одигран и последниот натпревар, а се освен убедлив триумф на Манчестер Сити во дуелот против гостинот од Бирмингем, тимот на ВБА, ќе биде дефинирано како вистинска сензација.