Ливерпул нуди 54 мил. евра за Артуро Видал

И вицешампионот на Англија, тимот на Ливерпул се вклучи во трката по потписот на чилеанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Артуро Видал.

Одличниот играч за врска веќе неколку недели е во центарот на фудбалското внимание поради најавениот трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед кој е подготвен да одвои околу 50 мил. евра за неговото обештетување.
За четри милиони евра, побогата понуда најавија челниците на Ливерпул, а доколку “црвените” од “Енфилд” излезат како победници во трката по неговиот потпис, тогаш поранешниот фудбалер на Баер од Леверкузен ќе си осигура неделна плата од најмалку 250 илјади евра.
Репрезентативецот на Чиле веднаш по завршетокот на Мундијалот во Бразил изјави дека е среќен во Торино, но и дека не е 100% сигурен дека и во новата клупска сезона ќе го носи дресот на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А.