Ливерпул се договори со Милнер

Фудбалерот за врска на Манчестер Сити, Џејмс Милнер премина во редовите на Ливерпул, објави денеска официјално клупскиот сајт на “црвените”.

Милнер ги минал лекарските прегледи во Ливерпул каде доаѓа како слободен играч, откако му истече договорот со вицешампионот во Премиер лигата. Англискиот репрезентативец последните пет сезони ги мина во Сити, со кого освои две титули во Премиер лигата, ФА Купот и Лига купот.

За време на кариерата играше уште и за Лидс, Њукасл и Астон Вила, додека за репрезентацијата на Англија настапи 53 пати и постигна еден гол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.