Ливерпул сериозно заинтересиран за Емре Кан

Спортскиот директор на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Руди Волер, откри дека англискиот премиерлигаш Ливерпул е сериозно заинтересиран за услугите на малдиот играч за врска Емре Кан, кој настапува како позајмен на “Бај Арена”, а е во сопственост на Баерн Минхен.

“Да, знам за големиот интерес на Ливерпул, но не сме добиле некоја официјална понуда. Нормално дека Емре има клаузула во неговиот договор. Може да остане во редовите на Баер или да се врати во Минхен. Баер може да го откупи неговиот договор или да побара нова позајмица. Ние сме убедени дека Емре треба да остане таму каде што е во овој момент уште најмалку една сезона. Нормално дека разговарав и извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хаинц Румениге. И на Баерн Минхен му се допаѓа идеата Емре уште една сезона да го носи дресот на Баер од Леверкузен”, изјави Волер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.