Ливерпул со пресврт до бодовите кај Кристал Палас

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа како гости Кристал Палас со 2:1 во дуело од 32-то коло на англиската Премиер лига и привремено повторно дојдоа до втората позиција на табелата.

Домашните дојдоа во водство во 13 минута, кога српскиот интернационалец Лика Миливојевиќ реализираше најстрога казна за којашто виновник беше голманот на гостите Кариус.

Ливерпул израни со голот на Мане во 49 минута по асистенцијата на Милнер, а трите бода ги освои благодарејќи на голот постигнат во 84 минута преку Египќанецот Мохамед Салах.

Екипата на Јирген Клоп привремено е на второто место на табелата со 66 бодови, еден повеќе од третопласираниот Манчестер Јунајтед, но Ливерпул има и два натпревара повеќе, како и во однос на водечкиот Манчестер Сити зад кого заостанува дури 15 бодови. Кристал Палас, пак, со 30 бодови остана на 16 место, две позиции над зоната за испаѓање од лигата.

Во саботата на распоредот се уште седум натпревари од 32-то коло на англискиот фудбалски шампионат, а последните два дуела ќе бидат одиграни во недела.