Спорт

Англиско првенство Ливерпул убедлив на гостувањето кај Хадерсфилд, Арсенал потопен кај Свонси

Ливерпул убедлив на гостувањето кај Хадерсфилд, Арсенал потопен кај Свонси

Фудбалерите на Ливерпул во 25-то коло од англиското првенство беа убедливи со 3:0 (2:0) на гостувањето кај Хадерсфилд Таун.

Головите за „редстите“ ги постигнаа Чан во 26, Фирмињо во првата минута од судиското продолжението на првото полувреме и Салах од пенал во 78 минута.

Четвртиот Ливерпул со оваа победа се изедначи со третопласираниот Челзи, и двата тима имаат 50 бодови, но лондонските „сини“ својот дуел од колото го играат во среда кога на „Стемфорд Бриџ“ гостува Борнмут. Хадерсфилд, пак, е 14-ти со 24 бодови.

Големо изненадување приреди Свонси Сити кој на својот терен го совлада Арсенал со 3:1 (1:1). Гостите од Лондон поведоа преку Монреал во 33 минута, но веднаш во следната акција со првиот гол израмни Клакас во 34 минута. Клучниот момент се случи во 61 минута, кога голема грешка направи голманот на „топчиите“ Петр Чех, а во гол ја претвори Џордан Ејев, со што Свонси направи пресврт. Конечните 3:1 во 86 минута го постави стрелецот на првиот погодок за домашните.

Со овие три бода Свонси скокна на 17-то место со 23 бода, колку што имаат и 15-от Њукасл Јунајтед, 6-от Брајтон едн Хов Алион и 18-от Сток Сити во зоната на елиминации за останување во лигата, додека Арсенал остана шести со 42 бода.

Во дуелот на екипите коишто се борат за опстанок во Премиер лигата, Вест Хем Јунајтед и Кристал Палас одиграа без победник 1:1, што беше резултат од првото полувреме. Поведоа гостите преку Бентеке во 24 минута, а израмни Нобл во 43 минута со удар од белата точка. Вест Хем е десетти со 27 бодови , а Кристал Палас е 12-ти со 26 бодови, само на четири бодови од зоната на испаѓање.

На врвот од табелата е Манчестер Сити со 65 бодови, а 12 помалку има второпласираниот Манчестер Јунајтед.

Во среда играат: Челзи – Борнмут, Евертон – Лестер Сити, Њукасл Јунајтед – Барнли, Саутемптон – Брајтон енд Хов Албион, Манчестер Сити – Вест Бромвич Албион, Стоук Сити – Ватфорд и Тотенхем – Манчестер Јунајтед.