Ливерпул убедлив, Њукасл испушти победа

Во 28-то коло од англиското фудбалско првенство Ливерпул на својот „Енфилд“ со убедливи 4:1 го совлада Вест Хем Јунајтед, додека Њукасл Јунајтед на гостувањето кај Бонрмут водеше со 2:0 до 80 минута, но на крајот домашните спасија бод.

Ливерпул до убедливата победа и привременото запоседнување на втората позиција на табелата дојде со головите на Емре Чан во 19, Салах во 51, Фирмињо во 57 и Мане во 77 минута, додека почесниот погодок за Вест Хем во 59 минута го постигна Антонио.

Со двата погодока на Гејли во 17 и првата минута од судиското продолжение на првото полувреме Њукасл имаше убава предноста на гостувањето во Борнмут, која успеваа да ја одржат до 80 минута. Тогаш Смит ги разбуди надежите на домашните а Геслин девет минути спаси бод.

Лестер, исто така, на домашен терен спаси бод кој му го донесе гостинскиот играч Батланд во 70 минута, откако Стоук дојде во водство во 43 минута преку Шакири. Со истиот резултат заврши и дуелот меѓу Барнли и Саутемптон. Барнес ги доведе домашните водства во 67 минута а израмни Габиадини во 90 минута.

Брајтон со 4:1 го совлада Свонси, а сите пет голови ги постигнаа домашните фудбалери. Мареј реализираше пенал во 18 а беше прецизен и во 69 минута, а потоа во листата на стрелците се запишаа и Нокаерт во 73 и Лакадиа во 90 минута, а со автогол на своите соиграчи во 85 минута им се приклучи и Данк.

Хадерсфилд со головите на Ван ла Пара во 48 и на Муие во 56 минута поведе на гости кај Вест Бромвич Албион кој успеа само да го намали резултатот во 65 минута преки Даусон.

По нецелосното коло на табелата води Манчестер Сити со 72 бода и меч помалку и 15 бодови повеќе пред второпласираниот Ливерпул. Манчестер Јунајтед е трет со 56 бодови а следи ЧЕлзи со 53 бодови.

Токму Јунајтед и Челзи во неделата ќе се соочат во Манчестер, откако ќе биде одигран мечот меѓу Кристал Палас и Тотенхем. Во последниот дуел од 28-то коло во четврток Арсенал ќе го пречека Манчестер Сити.