Ливерпул “врза” две победи, совладан е и Свонси

Фудбалерите на Ливерпул конечно почнуваат да прикажуваат игри како што се очекува од нив, па по одличното издание против Арсенал, победата против Барнли на гости, сега забележаа нова победа, против тимот на Свонси.

Иако менаџерот Брендан Роџерс го остави на клупа својот капитен Стивен Џерард, сепак тоа не преставуваше проблем за оние кои истрчаа на теренот да забележат убедлива победа против Свонси со 4:1.

“Црвените” дојдоа во водство преку Морено во 33-тата минута, а предноста ја дуплираше Лалана на необичен начин. Имено, голманот на Свонси, Лукас Фабиански во обид да ја расчисти ситуацијата, со топката го погоди Лалана, која од него се одби во мрежата на гостите.

Една минута подоцна Сигурдсон им донесе надеж на гостите, но до крајот на мечот Лалана со својот втор гол и Шелви со автогол ја запечатија судбината на Свонси, кој загуби со конечни 4:1.

Во следното коло, на први јануари, Ливерпул го пречекува Лестер, додека Свонси игра со Квинс Парк Ренџерс.