Свет

Лизгање на земјиште во Авганистан усмрти 52 лица

Лизгање на земјиште во Авганистан усмрти 52 лица

Најмалку 52 лица денеска загинаа при лизгање на земјиште во североисточниот дел на Авганистан во близина на границата со Таџикистан, пренесува Танјуг.

Лизгањето на земјиштето било во округот Кавјан, во провинцијата Бадакшан на 200 километри од главниот град на провинцијата Фајзабад, изјави гувернерот на провинцијата шахот Валиулах Абид.

Бадакшан е еден од најсиромашните и најмалку развиените региони на Авганистан, каде редовно се создава лизгање на земјиштето, откако ќе почне сезоната на топење на снегот.

Минатата година во овој период најмалку 350 лица останаа заробени под земја при лизгање на земјиште во оваа авганистанска провинција.