Балкан

Љајиќ: Србија трпи милионски штети поради бегалската криза

Љајиќ: Србија трпи милионски штети поради бегалската криза
Љајиќ: Србија трпи милионски штети поради бегалската криза

Србија трпи милионски штети поради бегалската криза и затворањето на границите од страна на соседните земји, изјави српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

Штетата може да се мери со милиони евра, бидејќи Хрватска и Унгарија се важни надворешнотрговски партнери на Србија, а покрај тоа тие се и транзитни земји за пласман на српските стоки на трети пазари, нагласи Љајиќ во интервју за белградскиот весник „Курир“.

Според Љајиќ, тоа претставува само дирекни штети, а посредните ќе бидат многу поголеми, имјаќи предвид какви пораки праќаат ваквите настани до потенцијалните инвеститори во регионот.

На сите им е јасно дека бегалците кои сега се наоѓаат во Србија не сакаат да останат тука. Од 170.000 бегалци кои од почетокот на годината влегоа во нашата земја, азил побараа само занемарлив број, вели Љајиќ, истакнувајќи дека е горд со начинот на кој Србија се справила со бегалската криза.