Македонија

Љубчо Георгиевски има ново хоби- пишување на соопштенија

Љубчо Георгиевски има ново хоби- пишување на соопштенија

Сите во животот имаат хоби со кое го исполнуваат слободното време, дел од луѓето спортуваат најразлични спортови, некои собираат маркици, играат игри на компјутер, додека хоби со кое Љубо Георгиевски го поминува своето слободно време во недостиг на внимание е пишување на партиски соопштенија, пишува порталот Денешен.мк.

Помеѓу белосветските атрактивни патувања во Сибир, Јапонија, Дубаи и на други атрактивни локации ширму светот, како и градењето на барок хотели едно од омилените хобија на Љубчо Георгиевски е пишувањето на партиски соопштенија, велат високи партиски извори од ВМРО-НП, пренесува Денешен.мк.

-Соопштенијата кои Љубчо Ѓеоргиевски ги пишува се по слободен избор и често предизвикуваат насмевки и смеење кај јавноста. Очигледно лидерот на ВМРО-НП има премногу слободно време, останува да видиме дали кога ќе се зафати со изградба на новиот хотел ќе има доволно време да пишува соопштенија до јавноста, пишува порталот.