Македонија

Љубе Бошкоски со ново шоу во судницата

Љубе Бошкоски со ново шоу во судницата

Љубе Бошкоски мина уште едно рочиште пред судницата во повторениот судски процес Ровер.

Бошкоски кој минатиот пат најавил дека со песни ќе го нарушува редот во судница за да биде отстранет, патот кон вратата го заработи со раскажување книги.

Користел дијалози од Браќа Карамазови од Достоевски и Процес од Кафка ја цитирал и Библијата, пренесува Канал 5.

-Мојата порака кога велам догодина ќе завршите во Идризово можев да ја кажам и во мој стил, според библијата и евангелието- Ќе ви биде мерено со истата мерка со која вие денес мерите. Ќе ви биде судено во присуство на целата јавност во поголем простор оваа судница е мала. Јас иако сум незауздан бунтовник, се бунтувам со причина. Сакам да си одам од овој Монти Пајтон во продолженија, изјавил Бошкоски.

Судењето веќе три рочишта по ред го бојкотира и прави спектакли  бидејќи наместо преку министерствата за правда врз основа на договорот за меѓународна правна помош првите четворица обвинети Срби за убиството на Тушевски и Јанев биле барани преку полиција и останале недостапни. Рочиштето продолжило и без него. Судијата го покажал пиштолот  кој според обвинителство бил користен во двојното убиство.

Обвинетиот Ивица Ристиќ го погледнал и рекол дека тоа не е пиштолот што тој го предал кај пријател кај кого полицијата и го нашла
Четворицата вработени во МВР кои во првичниот процес беа обвинети денеска давале искази како сведоци.