Љубе Бошкоски излезе од затвор

По 5 години поминати во затвор, попладнево е ослободен Љубе Бошкоски.

Тој беше уапсен на 5 јуни 2011 година пред ресторанот Воденица за незаконско финансирање на предизборната кампања.

Тој беше осуден на пет години затвор, кои истекуваат во недела.

На Бошкоски за овие пет години му беше дозволено да отсуствува само еден ден, на погребот на неговата мајка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.