среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 28

Љубе потврди дека се продал и ќе одработува за СДСМ

„Мислам дека господинот Заев е храбар човек, дека им е потребен на Македонија, на македонската политичка сцена и дека е јасен во своите ставови и е искрен и тоа е доволно доколку се формира од страна на опозицијата власт, размислуваме за коалицирање со опозицијата.“

љубе

Поврзани вести

„Мислам дека господинот Заев е храбар човек, дека им е потребен на Македонија, на македонската политичка сцена и дека е јасен во своите ставови и е искрен и тоа е доволно доколку се формира од страна на опозицијата власт, размислуваме за коалицирање со опозицијата.“

Ова не се зборови на некој бивши член на СДСМ, ова за Заев го мисли Љубе Бошкоски, човекот кој користи секоја прилика за да се продаде за некој ситен денар, на штета на македонскиот народ.

-Љубе Бошкоски во вчерашната емисија на Александар Чомовски- Чом, „Топ Тема“ на Телма, искористи прилика да се допродаде во целост и уште еднаш покажа дека е човек без грам карактер, пишува порталот Журнал.

-Дека од дното има и подолу докажа Бошкоски синоќа, тој рече дека одамна му простил на Хари Костов за апсењето и екстрадирањето во Хаг. За потсетување на јавноста, Хари Костов е човекот што ги расформира, ги нарекуваше криминалци и ги остави без егзистенција, припадниците на специјалната единица „Лавови“, кои 2001 година ја одбранија државата од нападот на албанските вооружени групи, пишува порталот.

Одамна е скршен митот за „Братот Љубе“, кога македонската јавност виде како го продава името на државата, за посредник на Грција, за пред изборно финансирање на својата партија во 2011 година.

Јавноста тогаш виде како Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега морал да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена, и потврдно одговора на предлогот на посредникот за именување на националност како граѓани на Република Македонија.

Условите се исти, само финансиерот е различен, наместо за Грците, годинава Љубе ќе одработува за СДСМ и Сорос.

Најчитани вести