Љубезните луѓе имаат повеќе секс

Додека растеме многу често ја слушаме поговорката „добриот секогаш завршува последен”, што всушност ни дава впечаток дека „не се исплати да се биде добар”, како и тоа дека луѓето секогаш бараат партнери кои знаат да се изборат за себе и тоа што го сакаат, а покрај тоа покажале одредена агресивност и подготвеност да се наметнат, да се истакнат и себеси да се стават на прво место.

Сепак, судејќи според една од најновите студии објавени во публикацијата British Journal of Psychology, да се биде добар и љубезен е всушност една од најсекси особините кои човек може да ги има.

Во студијата учествувале 300 учесници кои биле детално испитани за алтруистичките особини и активности, како што се подготвеност на волонтирање, дарување на крв, учество во хуманитарни акции и слично, како и за бројот на сексуалните партнери кои ги имале.

И замислете, тие кои биле алтруистички настроени имале повеќе сексуални партнери од тие кои не покажувале слични особини.

Секако, студијата треба да се земе со резерва, бидејќи многу луѓе сакаат за себе да мислат дека се подобри од што се и им недостасува критичност за сопствените дела.

Во секој случај, во прашање се интересни податоци кои на одреден начин ги уриваат предрасудите за тоа како „не се исплати да се биде добар”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.