Магазин

Концерт на „Љубојна“ во Скопје и во Битола

Концерт на  „Љубојна“ во Скопје и во Битола

Етно групата „Љубојна“ вечер во 20.30 часот во Универзалната сала во Скопје, ќе одржи концерт насловен „Љубојна музика на дланка“.

Поради големата заинтересираност групата утревечер во истото време ќе одржи уште еден концерт во Универзалната сала.

На концертите ќе има музика од нивниот последен албум „Незгаснати огништа“, како и хитови од нивните претходни албуми.

Влезниците и за вториот концерт веќе се во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за се’“ и билетарницата на „Универзална сала“.

„Љубојна“ ќе одржи концерт и во Битола, на 27 декември во Домот на културата.