Љубовен хороскоп: Како да го заведете овој месец

Еве како стојат работите кога неговиот хороскопски знак е во прашање.

Овен

Изненадете го со кари за некој фантастичен концерт на отворено и извадете ја целата негативна енергија од себе. Тој ќе сака да ве импресионира со опасни движења додека танцува.

Бик

Организирајте пикник со сирење и вино и побегнете на некое оддалечено место окружено со природа.

Близнаци

Тој копнее за нешто ново во спалната  соба. Освојте го неговото тело на нов предизвикувачки начин, а тој секако ќе ви врати во иста мерка.

Лав

Окружен е со колегите што го окупираат неговото време. Бидете смирени и почитувајте ја неговата работа.

Девица

Тој многу размислува за својата кариера. Пронајдете корисни текстови на интернет што ќе го инспирираат и ќе го охрабрат.

Вага

Прекинете ја рутината во своите излегувања. Најдете се во некој нов бар, наместо да одите заедно на омиленото место и изненадете го со некоја нова и невообичаена за вас облека.

Скорпија

Тој се чувствува инспирирано. Придружете му се за време на проекцијата на некој документарен филм или заедно посетете ја изложбата за која се говори цел месец. Тој сака да ги сподели своите интереси со вас.

Стрелец

Убавите денови го прават енергичен. Сега е моментот да му наговестите кои се вашите фантазии и немојте да се срамите.

Јарец

Тој напорно работи на проектите на работното место. Предложете му заедно да отидете на пешачење, што ќе му помогне да се опушти.

Водолија

Овој месец тој размислува само за спорт па затоа бидете опуштена девојка која може секоја недела да кулира со неговите другари. Откријте кои се неговите омилени играчи и почнете ја играта.

Риби

Тој сака да седи блиску до вас. Испланирајте некоја вечер со „лесни“ филмови.