Љубовен хороскоп за 2017 година

Овен

Сите Овнови уште од 2011 година влегоја во седумгодишен период кој им носи големи промени. Тоа не значи промена на партнерот или драми во љубовниот живот, меѓутоа факт е дека кај некои Овнови во 2017 година ќе има разни случувања – преселување, потомство, менување на навиките и односите. Потомстовото е важно за Овновите и иако во претходните неколку години не сте направиле ништо ново, оваа година може да ви донесе проширување на семејството. За здрав приватен живот важно е во меѓувреме да изградите здрав однос со вашето семејство, да им простите на вашите родители, себеси и да пронајдете заеднички јазик. Младите Овнови и понатаму ќе имаат повеќе емоционални проблеми, а постарите сега треба да започнат да се грижат за оние со кои најмногу се нервираат. Април ви донесува леснотија во односите, нови познанства и возбудувања, додека од втората половина на октомври станувате поумерени и тоа трае се` до декември.

Бик

Со излегувањето на Сатурн од вашата куќа која се однесува на љубовните односи, сериозните врски и постојаните заедници – ќе се почувствувате како да се споиле сите мостови во светот. Долгите транзити ја имаат моќта работите да ги направат напорни до откажување, па токму тука голем број луѓе потклекнуваат, ги спуштаат критериумите, прават компромиси или го прифаќаат минимумот – но не и вие. Бикот никогаш не се откажува и упорно може да го чека своето, бидејќи најдобро од сите ги познава сопствените вредности и јасно знае што заслужува. Промените ги мразите од дното на душата, а секогаш тежнеете кон квалитет и стабилност. Затоа и во љубовта доаѓа во предвид личост со која можете да изградите постојан однос а не привремена романса. Биковите кои се веќе во заедница преминуваат на ново ниво на односи, со оглед на тоа што во претходните неколку години покажале трпение и разбирање кон партнерот.

Близнаци

За Близнаците најчесто се вели дека со себе носат леснотија, нивната насмевка, разиграност, љубопитност и раздвиженост прави да остават одличен впечаток. Меѓутоа, не е се` совршено. Секогаш постои онаа другата интровертна страна – која во своите четири ѕидови смислува каде да пронајде смисла и како конечно да биде задоволен во љубовта. Во изминатите три години постојано се враќавте на старата љубов, бевте со партнери со кои се задржувавте кратко, и сето она што би требало да биде блискост и препознавање – се претвораше во конфликт и предизвикувач за потсвесна траума. Со влегувањето на Сатурн во вашето седмо поле кое астроллошки се однесува на заедницата и врските, ситуацијата е следна: ќе го добиете она и што го очекувавте, партнер со кој ќе се разбирате.

Рак

Вашиот романтизам и навиката да мечтаете можат да ве одделат од реалноста. Уште од влегувањето на Плутон во Јарец (во 2008 година), што е вашето природно поле на партнерски односи, започнаа да се случуваат големи промени, границите на вашето адаптирање се некако намалени, па фрустрациите се се` почести – не затоа што повеќе ги има, туку затоа што сте се осудиле да ги почувствувате, а не да ги потиснувате. Во текот на април ќе се чувствувате особено заљубени, и покрај тоа што на повидок нема да има некој потенцијален партнер. Во овој период ќе бидете заљубени во самата идеја за љубовта, па токму поради тоа ќе се чувствувате свежо, убаво и секако, романтично. Околу средината на септември ве очекува интересна љубовна средба. Од вас зависи дали ќе прерасне во нешто повеќе или ќе биде само обично пријателство.

Лав

Партнерства на пат, со странци или стари пријатели. Уран кој владее во вашата природна 7 куќа односно сега е во Овен, вашата 9 куќа за патувања, далечини, нови визии, филозофија и поглед кон животот, ќе ви донесе нова филозофија, па сликата за брачните односи радикално ќе ви се промени. Се` повеќе ќе ја цените довербата која отсекогаш била на место број еден. Љубовта на голем број Лавови ќе започне или заврши на аеродроми во 2017 година. Бившиот партнер исто така повторно се појавува бидејќи Сатурн од 2017 ќе се најде во вашето 5 поле, кое се однесува на љубовта, еросот и вашата младост. Октомври ви донесува пренасочувања. Кризните месеци се јануари, фебруари и март, такашто на самиот почеток на годината потребно е да внимавате на љубовните односи.

Девица

Во потрага по вашиот идентитет преку партнерот – би гласел насловот на вашата љубовна приказна и во 2017 година. Зошто? Затоа што ќе се изгубите себеси во љубовниот однос, ќе заборавите што сакате и што не сакате и како да ги исполнувате сопствените желби. Ова е доста уморувачки и напорно. Во текот на летото ќе имате мали показатели на ситуации кога ќе почувствувате јасна потреба да бидете сами, па добро би било доколку се одлучите сами да отпатувате на одмор – потребно е да се слушнете себеси. Повеќе не знаете кој е кој, и кој што сака. Затоа 2017 година е најдобро да ја поминете со самите себеси, без многу амбиции во врска со љубовта. Април може да биде интересен, меѓутоа внимавајте да не се повредите или да не останете изневерени.

Вага

Можеби Вагата е единствениот знак за кој секоја година е љубовна. Во 2017 година Вагите се враќаат на младешката љубов, во смисла на романтиките, авантурите, заинтересираноста за забава и излегувањата. Од 2011 година Вагите се наоѓаат во љубовна треска – Уран, кој на неколку пати досега, повторно носи интензивни, кратки средби и врски кои не успевале да се одржат и покрај почетната обострана заинтересираност. До 2017 година претставниците на овој знак ќе успеат да се осветат од својата желба за љубов, и ќе сфатат дека најубавата е онаа која е лесна и спонтана. Со самото навлегување на Венера во Лав, вие ќе бидете природни, насмеани и среќни.

Шкорпија

За Шкорпиите првите три месеци од новата 2017 година ќе бидат турбулентни, пропратени со немири од кои Шкорпиите најлесно ќе поминат со опцијата „delete“, ќе се рестартираат и ќе започнат под почеток. За некои од нив, кои веќе две години трпат разни удари и понижувања, оваа година ќе ја започнат со огромна насмевка на лицето, а оние кои веќе ја отворија Пандорината кутија им претстои уште година дена несогласувања. Во август, кога Јупитер ќе се најде во знакот на Девица, во добар аспект со Плутон, добрите совети од пријателите или експертите, како и парите – ќе решат многу љубовни проблеми. Парите се моќ, а без пари Шкорпиите не се чувствуваат победнички, и не веруваат дека ќе ја има личноста која ја сакаат ниту пак дека ќе бидат сакани од некој.

Стрелец

Стрелецот е оној кој времиња наназад ги тешеше Шкорпиите, Вагите и Девиците додека беа под влијание на Сатурн во нивниот знак. Сега дојде часот кога големиот советник, создавач на сите одговори, покажува како се снаоѓа во истата ситуација. Затоа не се чудете кога ќе видите Стрелец како молчи, повеќе отколку што сте навикнати. Во новата година се` помалку ќе излегувате во јавност, и нема да бидете расположени да се јавувате на телефони. Што се однесува за зафатените Стрелци, не ја барате страста и романтичната авантура која претходно ја баравте од партнерот, иако до вчера мечтаевте по неа. За оние кои се слободни, ги очекува период во кој ќе запознаат личност и ќе започнат врска на далечина.

Јарец

Од 2011 година, со влегувањето на Уран во Овен и во вашето поле на мир, имагинација, семејство и блискост, никако не успевате подолго да го задржите за себе чувството на пријатност во друштво со партнерот. Постојано нешто ве влече напред, а немирот во вас ве тера да се движите, а всушност бегате од емоциите. Дојде време на светот да му покажете колку умеете да сакате, колку сте подготвени да давате и да примате и колку сте ранливи. Затоа и бегате. Некои Јарци самите ќе пронајдат начин да ја подобрат атмосферата во домот, меѓутоа се` што ќе успеат да предизвикаат е хаос. 2017 година е година за пронаоѓање на себеси и вашта емотивна состојба, па затоа внимавајте со кој ќе се дружите и кој ќе биде вашиот партнер. Доколку претстојната еволуција не направи некаква промена, тогаш веројатно грешката е во вас.

Водолија

Доколку не беше добрата волја и разбирање на вашиот партнер, 2014 година можеше да биде симболизирана како година на раскинување, особено за долгите врски. Онаму кадешто е подготвеноста на партнерот да дојде до помирување, не успеваше, но барем вроди плод – ќе останете во добри односи и поштедени сте од непријатности. Во 2017 година ситуацијата е доста слична, а преживувањето на вашата врска зависи од партнерот многу повеќе отколку од вас. Не во смисла дека партнерот е главниот, туку тој несвесно со неговата мудрост, разбирање и надеж за иднината, ве поттикнува да го подобрите вашиот однос. За некои Водолии, 2017 година е година на задоволство во заедницата или во врската која ја имаа, и година на планови за брак или дете.

Риби

Пливањето по површните задоволувања за емотивните потреби, по многу пати повторно ве остава сами, со големи очекувања, но ситни добивки. Причината во тоа не е лошиот хороскоп или немањето среќа, ниту пронаоѓањето на погрешни партнери, туку недавањето на простор да пронајдете некој кој навистина ќе го запознаете и засакате. Полесно ви е да си играте, да се забавувате и флертувате, и да уживате во еротските моменти. Со навлегувањето на Јупитер во август во вашето поле на љубов и партнерство, ќе ви се олесни развивањето и градењето на односите. Вашите нереални очекувања ќе ве удрат по глава