понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 45

Љубовен хороскоп за септември

Првиот месец од едента нема да биде сосема хармоничен што се однесува до енергијата, но сепак сите ќе имаат прилика да се изразат.

pripadnicite-na-ovoj-horoskopski-znak-nemaat-dusha

Поврзани вести

Првиот месец од едента нема да биде сосема хармоничен што се однесува до енергијата,  но сепак сите ќе имаат прилика да се изразат.

По релативно мирниот август, септември ќе дејствува како вистинска лавина, исполнет со необични ситуации и мошне силна динамика. Без понатамошни одолговлекувања, еве што ви прогнозираат ѕвездите на љубовен план за престојниот месец.

Овен

Постои ризик и почетокот на есента да не тргне како што треба за вас, но тоа можете да го спречите така што ќе следите некои едноставни правила. Најпрво, треба да имате во предвид дека започнувањето долги врски во овој период е практично невозможни. Се што ќе се обидете да го направите сега ќе биде со краток век и нема да заврши славно. Од друга страна, тоа не значи дека треба да се изолирате од светот и  да ги поминувате деновите дома завиткани под ќебе. Пронајдете златна средина. Излегувајте, флертувајте, но држете се на блага дистанца…

Бик

Биковите ги очекуваат многу занимливи мигови. Особено ако имате „животен партнер“. Септември ќе фрли ново, неочекувано светло врз вашата врска. Тоа немора нужн о да биде негативно, само ненадејно. Така што би било добро да бидете подготвени на тоа, особено ако имате некои скриени тајни за коишто вашата сродна душа не е свесна. Треба да знаете и самите дека порано или подоцна сите тајни испливуваат на површина. Накратко, бидете екстремно внимателни кога дискутирате за „сочните“ треми со блиските. И покрај овие околности, ве очекува светол и динамичен период.

Близнаци

На емотивен план и вам ви се смее прилично возбудлив период. Бидете внимателни, но немојте и премногу да се заморувате. Во односот со партнерот, треба да бидете малку повеќе доследни и да направите чекор наназад. Согледајте на што сте. Не, нема да биде лесно. Можеби ќе има последици, но во овој миг тоа навистина ви е потребно. Понекогаш и најстрасните емоции мора да бидат согледани од објективна перспектива. Пријателите може да ви помогнат, но само  вие најдобро знаете кои заклучоци морате да ги извлечете.

Рак

Овој знак во септември ќе биде вклучен во голем број забавни случувања. Само останете  верни на себе си и не обидувајте се да се докажувате никому. Ако сте во врска, бидете малку поблаги. Постои чувство дека партнерот и вие не сте доволно отворени еден кон друг. Мислете на тоа, како и на фактот дека не се врти  се околу вас. Сепак никогаш не е доцна ова да го исправите. Немојте да се плашите од извинување и искажување на вистинските емоции. Некогаш тоа е многу повредно од илјада други дела. Вие сте деликатни, емотивни битија, но на крајот на денот секогаш знаете да се изборите за она што е најдобро за вас!

Лав

Љубовниот живот на Лавовите ќе биде прилично интересен. На почетокот на месецот имате чувство дека морате да постигнете многу работи, така што не треба да се плашите. Немојте да се затворате во себе и не бегајте од светот. Ова се однесува на вашите емотивни  врски, како и на генералното ниво емоции што се карактеристични за вашиот знак. Бидете активни и покажете ги вашите емоции. Не покажувајте отпор кон тоа, инаку во спротивно тоа може да биде опасно и контрапродуктивно за  вашите односи, особено во областа на забавата.

Девица

Овој месец, особено од самиот почеток, ќе морате да бидете повеќе присутни за вашиот партнер. Ова важи и за оние што веќе некое време се „натегаат со некого“. Мошне е веројатно и двајцата да имате некои прашања што се таложеле со текот на времето, но не сте можеле да го најдете вистинскиот момент да поразговарате за тоа. Сега е моментот. Спротивставете се на се. Вистината е секогаш подобра од незнаењето. Ситуацијата е во целост во вашите раце и престанете да се плашите од радикални промени! Однесувајте се како вистинска девица.

За другите знаци повеќе на следната страница…

Најчитани вести