Љубовен хороскоп за септември

Вага

За промена, Вагите можат малку и да здивнат. Следува мошне опуштен период за вас. Можно е дека ќе има некои ситни искри, но ќе се испостави дека се целосно безначајни. Сепак, немојте да ги занемарувате, туку решете ги онака како што најдобро знаете. Канализирајте ја целата преостаната енергија  во креативна насока, заедно со партнерот, а за слободните сега е вистинско време да започнат некој курс, затоа што постои можност оттаму да им се насмевнува некое мошне занимливо познанство.

Скоприја

Пред Скорпиите во септември ќе се отвори  цел свет на убавини и искрени чувства. Некој можеби ќе ви се отвори и ќе ви изјави љубов. На најискрен можен начин. Можеби вие ќе бидете тие што ќе се одлучат на тој чекор? Покрај тоа, никој не рече дека љубовта нема да  ви биде возвратена! Сепак, многу нешта ќе зависат од вас. Не заборавајте дека не сте семоќни, иако силните емоции некогаш прават да се чувствуваме како да можеме се. Бидете добри кон оние до кои ви е дојдено и на убав начин објаснете им ги вашите ставови.

Стрелец

Септември не е момент кога треба да раскинувате, ниту да започнувате нови врски. Воздржете се од сите поголеми промени што може да влијаат не само на вас, туку и на вашите најблиски. Ќе ви  биде одлично во кругот на пријателите, па затоа однесувајте се природно и бидете во движење. Можеби првиот месец од есента не е најдобар за љубов, но тоа секако не значи дека не треба да уживате. Останете социјални и комуникативни како што сте, затоа што пред вас се прекрасни работи!

Јарец

Овој месец ви носи голем број нови искуства, а во исто време и сеќавање на минатите љубовни афери. Тоа, колку и да ви звучи неверојатно, ќе има позитивен ефект на вашите актуелни или потен цијални в рски. Ќе ви даде перспектива за тоа како понатаму да се однесувате. Имајте во предвид, меѓутоа, дека неможете се да направите наеднаш. Бидете умерени, внимателни и дозволете минатите искуства да ви бидат водач за раководење со емотивните врски.

Водолија

На Водолиите им препорачуваме да обрнат малку повеќе внимание на  сопствената интуиција. Пра вете онака како што ви вели срцето. Ако  тоа ви сигнализира дека би требало да раскинете со партнерот, немојте да се обесхрабрувате. Тоа едноставно значи дека тој не бил вистинскиот избор за вас и дека раскинувањето ќе ви одговара. Секоја ситуација е сепак индивидуална, па иако би требало да ги пуштиме емоциите некогаш да не водат, разумот мора да биде вклучен! Септември носи  голем број моѓносту за остварување на емотивните цели, така што е важно да останете доследни на себе си.

Риби

За вас овој септември  важи да го слушате сопственото срце и да останете блиски со оние, со кои што сакате да бидете; претсанете да се свртувате на препреките што непријателите ви ги праќаат. Се ќе излезе како што треба, се додека не се сомневате во сопствените способности, затоа што сетилниот и емотивен темел е мошне поважен од логиката, барем кога се работи за интимните односи.