Љубовна филозофија на секој хороскопски знак

Ако верувате дека се е запишано во ѕвездите, погледнете тго астролошкиот приказ на 12-те хороскопски знаци и дознајте како се однесуваат кога се вљубени и кои методи на заведување ги применуваат.

Овен

Тој: Како роден осовојувач, не заобиколува многу а очите му светнуваат веднаш штом ќе забележи потенцијален „плен“. Не бира ниту место, ниту време, затоа што е премногу нетрпелив, па тргнува во напад во истиот миг штом ќе ве забележи. Директен е, шармантен, а ќе ве засмева со вицови и детали од сопствената биографија, се додека не прифатите повторно (уште истата вечер) да се видите со него.

Таа: Исто така е директна и секогаш е подготвена да го заведе и да го освои оној што ќе и падне во очи. Ќе го фати за краватата (ако ја носи) или за брадата, нежно ќе го привлече и ќе му каже со најшармантната насмевка во светот: „Ти си мој!“. ако додворувачот и’ се допаѓа, ќе го пушти малку да „се пржи на тивок оган“, а потоа ќе му дозволи да ја освои. Доколку сте и’ здодевни, тоа недвосмислено ќе ви го даде до знаење, така што со неа секогаш ќе бидете на чисто.

Бик

Тој: Просто обожава да ве мерка, да ве заведува, да ви се додворува и така да ве освојува – полека. Задолжително ќе ве однесе на ручек или во неговиот омилен ресторан каде сите го познаваат, ќе ги избере најквалитетните специјалитети и најдобрата сорта вино, а цело време нема да го трга погледот од вас, па на крај ќе му „јадете од рака“. Околу вашата маса ќе ги собере музичарите што ќе свират и ќе ги пеат вашите песни, а од продавачите на цвеќе ќе ги купи сите ружи, само за вас.

Таа: Бира кому ќе му дозволи да се труди за неа, да ја зваеде и да ја освои. Неговиот изглед, шарм, став, однесување и џентлменските манири нема да ја остават рамнодушна, но затоа на оној што и додева ќе знае така да му покаже каде му е местото, што и самата ќе се зачуди. За да и’ се допаднете, треба да имате исто толку самодоверба, колку што имате и пари, а притоа и да знаете како да ја заведете – со поглед и со допир.

Близнаци

Тој: Неодоливо забавен, шармантен и толку информиран за се, што ќе ви дојде да го земете за рака, да го однесете дома и да го претставите пред семејството за и нив да ги воодушеви, како што тоа го направил со вас. И додека вие го доживувате како занимливо домашно милениче, тој веќе завршил работа во својата ноншалантна заводничка дејност: додека вие насмеани ја читате пораката на вашиот мобилен телефон, веќе сте во неговата прегратка.

Таа: Изгледа како девојче, а често и така се однесува кога сака да ве заведе и да ве освои. Како камалеон го прилагодува сопственото однесување, облеката, па дури и ставовите на вашите или приближно на оние што вам ви се допаѓаат. Флертот е составен дел на нејзиниот карактер, иако бро губи интерес кога ќе забележи дека сте „загризале“. Ако постојано и’ бегате, жената Близнак ќе трча по вас.

Рак

Тој: Ракот им се допаѓа и на вашата мајка и баба (а за другарките и сестрите да не говориме), а низ вас струи прекрасно чувство кога само ќе ве погледне со неговите очи на верно куче што ќе ви се радува секој пат кога ќе ве види. Навистина, ќе се изнаслушате приказни за неговото детство, за бабите и за дедовците, за тетките и за колачите, што нема да му пречи, додека ги раскажува, занесено да зјапа во вашето деколте. И кога со друштвото ќе наздравува во кафаната, бидете сигурни дека и тогаш размислува за вас.

Таа: Знае како со секој маж, може да заведе и да освои кого ќе посака, само ако сака. Таа е женствена и грижлива, предизвикувачка и полна со разбирање во исто време, а ќе се потруди да уживате во погледот на неа колку што ќе уживате додека се ситите со тортата и колачите што таа ги подготвила само за вас. Кога ќе ви раскажува за децата на нејзината сестра и за нивните игри, ќе сфатите дека таа е вистинската жена за вас.

Лав

Тој: Лавот ќе се потруди да ве воодушеви уште на првата средба со приказните за неговите успеси на училишните натпревари, на спортскиот терен и со воодушевувањето што го предизвикува кај децата во соседството. Ако случајно го прашате што е во хороскоп, бидете сигурни дека ќе ви одговори: Зарем не се гледа!? Џентлменските манири и чувството дека сите погледи се свртени кон вас кога сте со него, ќе направат покрај Лавот да се почувствувате како да сте на врвот на светот.

Таа: Плени со нејзината атрактивна појава, позата и ставот во кој ќе препознаете помалку глума и блеф, а неодоливо ќе ви се допадне до таа мерка што задивени ќе го слушате дури и тропкањето на нејзиниот накит. Сеедно дали ја собрала косата или ја пуштила слободно да и паѓа на рамењата, таа ја држи главата како на неа да има круна. И тоа со леснотија како тоа нешто да е сосема природно. Иако ужива во воздишките на додворувачите и обожавателите, ќе ви дозволи да ја освоите само ако таа процени дека сте вредни за нејзиното внимание.

Девица

Тој: Девицата уште на првата средба ќе се потруди да ве воодушеви со познавањето на поголемиот број теми од областа на науката, стопанството, економијата, автомобилизмот, градежништвото, но и со практични детали од секојдневниот живот. Ќе ви објасни дека е нешто најнормално на светот и дека коцката мраз што случајно ја допирал додека ви ја ставал во чашата неможе да биде извор на зарази поради ниската температура. Внимателно ќе ве слуша додека кукате поради малата плата, големиот обем на работа и неразбирањето од страна на шефот, па така брзо ќе сфатите дека верната Девица секогаш ќе биде тука кога ви е потребна.

Таа: Слатка е, зборлеста, помалку воздржана што ја прави интригантна за спротивниот пол, често манекенски градена, па лесно ги заведува и ги освојува мажите кај кои се раѓа желба да ја зачуваат само за себе си. Знае долго и внимателно да ве слуша додека и говорите за било што, а особено е чувствителна на туѓата мака и проблемите, па со неа секогаш ќе имате раме за плачење.

Вага

Тој: Пред било каков заводнички потфат или совојувачки поход тој пред се ќе се потруди косата да му биде беспрекорно чиста, а облеката доволно, па макар и спортски, елегантна. Затоа што тој нема да се чувствува дека е доволно симпатичен да ве заведе, ако не е задоволен со сопствениот одраз во огледалото. Со него, секогаш ќе се чувствувате како вистинска дама, а секогаш џентлменски ќе ви ја бакне раката, ќе ви го придржи палтото, ќе ви ја отвори вратата од автомобилот, ќе ви подарува бомбоњери и цвеќе и постојано ќе ви дели комплименти.

Таа: Како родена заводничка задоволна е ако забележи деки при првата средба не тргате очи од неа, затоа што Вагата ужива во тоа сите да и се воодушевуваат, иако често глуми воздржаност. П
оради вродениот шарм, мажите ги освојува со леснотија, па често и’ е непријатно кога треба да одбие некој нетрпелив, здодевен или наметлив додоврувач. Невоспитаноста и вулгарноста не ги поднесува, па често знае на општо изненадување да возврати со иста мерка.

Скорпија

Тој: Заведува со погледот и допирот и нема жена што неможе да ја освои, само ако го сака тоа. Затоа што неговата желба е посилна од сите препреки, непремостливи околности и можни ситуација, па дури и она што би го попречувало, за нив да биде предизвик. Ниту нивниот изглед, па ниту нивните години никогаш немаат врска со нивната моќ на заведување и освојување, затоа што Скопријата е вистински магнет за жени: доволно галантен, доволно таинствен и доволно упорен, па ретко која припадничка на спротивниот пол може да му одолее.

Таа: Избира, заведува, освојува и оди понатаму штом и на миг ќе престанете да ги задоволувате нејзините строги, пред се еротски критериуми. Опасна и досетлива, страсна и возбудлива, жената Скорпија сака мажот што ќе го избере да биде нејзина сопственост, но ако проблемот се јавува кога има повеќе од еден таков маж. Не се залажувајте дека вие тогаш ќе ја оставите неа, затоа што таа не чека да биде оставена.

Стрелец

Тој: Навистина го сака ветерот во косата, избледен џинс, брзо возење и гласна музика, па уште кога на патот ќе се најде некоја згодна автостоперка, еве авантура или романса. Без разлика на тоа колку има години мажот Стрелец секогаш е подготвен да ве заведе, а во освојувачките походи тргнува кога е на одмор или кога е доволно далеку од дома.

Таа: Тие се младолики, ведри, елоквентни, влеваат доверба до таа мерка што се чувствувате како да ја познавате отсекогаш, а нејзината потреба со интелектуална полемика ве импонира без оглед на нивото на вашето образование. Истовремено, жената Стрелец дрско ве заведува со своите прекрстени исончани нозе што некако секогаш ги исфрла во прв план, планира патување со вас, иако сеуште добро не ве познава, а вие сето тоа воодушевено го прифаќате… А кој не би прифатил?

Јарец

Тој: Гори од желба да седи во вашата близина, само да ве гледа и да ужива, затоа што ќе поцрвенее уште при случајниот допир на вашата кожа. Незнаејќи како да ви покаже дека сте го завеле ќе биде неспретен и помалку трапав, но неговите вистински заводнички способности ќе дојдат до израз кога ќе допрете до било која тема што има врска со образованието. Тогаш вие ќе гледате во него со обожавање и со стравопочит и потајно ќе размислувате како се бакнува.

Таа: Таа е вистински оган под мраз, баш затоа што е толку префинета и женствена, што мажите во нејзината близина во почетокот ги збунува почитта што таа ја буди кај нив. Жената Јарец без разлика дали носи минуи здолниште или подвезици под романтичниот фустан знае да ја разбуди имагинацијата на секој маж што има доволно трпение и упорност да ја заведе, освои и да ја победи нејзината срамежливост.

Водолија

Тој: Толку е ноншалантен, шармантен и лежерен, што при првата средба воопшто немате чувство дека ве заведува, освојува или било што слично. Тоа што ви пали цигара, достава пијалак во чашата, замислено молчи и не го симнува погледот од вас додека разговарате, ги одбива разговорите на мобилниот телефон – сето тоа ви одговара, а не сте ни свесни дека сте се „фатиле“. Кога ќе се разделите тој нема да ви каже ништо, но брзо ќе ја видите неговата порака на мобилниот телефон.

Таа: Пресметана е толку колку што и е важно да знаете да ги следите нејзините идеи и начинот на размислување. Затоа жената Водолија бира партнер сличен на нивото на образование, ставовите и однесувањето, без оглед на врежаното мислење за нејзината ексцентрична природа и потребата за слобода. На нејзината суета и’ годи машката упорност и подготвеност се да направите за неа, па затоа никогаш не отстапувајте ако сакате да освоите жена Водолија, а таа за возврат ќе ви биде верна.

Риби

Тој: Не знае како да почне да ви се додворува,па делува помалку неспретно што уште на првата средба предизвикува симпатии кај спротивниот пол. Ако е оженет во друштвото поради околината што може да го „издаде“ кај сопругата ќе глуми верен сопруг, но штом ќе остане насамо со вас ќе почне директен напад. И тоа секогаш со стил што подразбира внимание, сочуство и галантност.

Таа: Ужива во заведувањето уште при самата помисла на мажот што и’ се допаѓа, иако ретко (или никогаш) нема да му признае. Ќе направи се за да ве заведе (романтична вечера, миризливи свеќи, секси облека, поглед пред кој мажите ретко остануваат рамнодушни), а потоа таинствено ќе ви даде до знаење дека можеби сте успеале да ја освоите. И така до недоглед.