Љубовна расправија во Рашче заврши крваво – Маж се бори за живот

Четириесет и едно годишен жител на селото Свиларе се бори за живот откако по претходна расправија се здобил со тешки телесни повреди.

Како што информира МВР, синоќа околу  22,50  часот во село Рашче – Скопје, пред дворот од сопствената куќа, Ш.И. (1986) со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на грбот и вратот на М.М. (1977) од с.Свиларе, кој наводно бил во љубовна врска со неговата сестра.

М.М. со  возило на  Брза Помош е пренесен  во Клиничкиот Центар Скопје и е во животна опасност, а Ш.И. и предметниот нож се обезбедени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.