Балкан

Љубовна трагедија: Пронајдени две безживотни тела, меѓу нив црвена ружа

Љубовна трагедија: Пронајдени две безживотни тела, меѓу нив црвена ружа

Нова трагедија ја потресе Србија. Две безживотни тела биле пронајдени кај Бачка планина.

Телата се на шеесет и седумгодишниот Богдан Поповиќ и 29-годишна девојка, а нејверојатно во смрт ги одвеле љубовни проблеми. Според истрагата, најверојатно Богдан ја убил саканата, а потоа самиот си пресудил.

Како што дознава српскиот Блиц, телата биле пронајдени од случаен минувач кој се нашол на местото на настанот. Истрагата покажува дека 67-годишниот маж ја убил со пиштол дваесетгодишната девојка, а потоа самиот си пресудил, пукајќи си со истиот пиштол во градите.

Трагедијата се случила пред неколку денови, но телата биле пронајдени утринава, во шумата, а помеѓу нив имало една црвена ружа.

Повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата.